42 m2 2 соби 1 бања 1 тераса

Карактеристики

Домување: Постоечка зграда

Тип на домување: Стан

Локација: 41.149403, 22.498086

Опис

Овој тип на стан во својот распоред вклучува отворена дневна соба со кујна и трпезарија, една спална соба, бања и тераса. Опременоста на станот одговара на категорија висока средна класа. Комплетна инсталација со топлинска пумпа за подно греење и како резултат на ова сметките за греење се три до четири пати помали во споредба со централно парно греење, а ладењето е решено со клима уред. Надворешната столарија е изградена од Саламандер PVC профил со 4 сезонско стакло, ролетните се алуминиумски и истите се полнети со полиуретанска пена за поголема изолација. Подовите се обложени со високо квалитетен ламинат дебелина 10мм. Бањата е комплетно опремена со вештачки гранит. Терасата е заградена со памплекс стакло. Паркирањето е решено со подземни гаражи и паркинг простор пред објектот.

Нацрт планови

Локација

Околни места
© 2021 Merace