За Нас



Merace Real Estate Investment базирана во Гевгелија им помага на луѓето да купат домови во Гевгелија.

Merace е препознатлив бренд во нашата земја, кој се карактеризира со повеќе фактори како на пример квалитет на услуга, сигурност, брзина, професионалност, како и можноста да се понудат производи со одличен естетски, функционален и ценовен аспект.

Merace континуирано го подобрува квалитетот и ги поставува трендовите во градежништвото во Македонија. Константно ги следиме иновациите и потребите на пазарот, со цел да одговориме и да ги примениме истите. Постојано се проектира и инвестира во модерни механизации и квалитетен репроматеријал, со цел крајниот аутпут да ги задоволува сите стандарди.

about



Пред сè веруваме во задоволни купувачи и инсистираме на професионално, одговорно и навремено извршување на обврските кон нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување, притоа ставајќи главен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност на објектите за намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија, и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема.

Со континуирано следење на современите технологии, сертифицираните материјали од афирмирани брендови и иновативните решенија искористени при моделите на градење, Merace гради домови по врвни стандарди.Ниепродаваме домови со траен и долгорочен квалитет и комплетен комфор од сите аспекти, еко, светлосен, топлински и акустичен, чии придобивки за безбедно, квалитетно, економично, здраво и пријатно домување.

Материјалите и опремата која ја вградуваме се исклучиво од брендирани европски и светски производители. Наш приоритет е костантното подобрување на концептот на домувањето,во смисла на подобрување на квалитетот, стилот и дизајнот. Новите објекти се карактеризираат со уникатен дизајнерски израз, изработен според најсовременитепрактики на светската урбаната архитектура. Постои одлично балансирана со стилски дизајнирана и модерно изработена ентериерска галантерија.

Мисија:
Со имплементацијата на најновите стандарди, технологии и трендови во светската урбана архитектура, ние нудиме недвижности кои во целост ги задоволуваат потребите на клиентите при изградба на објекти за квалитетно, сигурно, комфорно и економично домување. На купувачите им овозможуваме да ги уживаат благодетите и долгорочните придобивки на квалитетно, модерно и сигурно домување по општо прифатливи цени.
Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното искуство, како и одличниот тим на архитекти, компанијата е спремна да одговори на секое проектно барање во сите негови фази, од идеја до реализација.

Визија:
Нашата визија е да создадеме насмевка на лицата на нашите клиенти. Сите сме свесни дека одлуката за купување на сопствен дом е тешка, долгорочна и голема финансиска инвестиција која треба да се планира однапред.

Преку постојано унапредување на услугите во градежништвото, со следење и примена на иновациите во урбаната глобална архитектура и домувањето на светско ниво, нашата визија е купувачите на недвижности да добијат трајна вредност преку инвестицијата за нов дом и деловен објект кој ќе им служи на повеќе идни генерации. Исто така, стремаме кон тоа да дадеме придонес во изградбата на повисока култура на домување во нашата земја и истата да ја доведеме на светски ранк.Секогаш сме отворени и разгледуваме опции за понатамошно проширување и збогатување на бизнисот со нови дејности и нови пазари.

Цел:
Наша примарна дејност е изградба на станбени и деловни објекти, кои се синоним за сигурна и квалитетна градба. Дејствуваме кон тоа да пазарот на недвижности го збогатиме со повисок квалитет, модерен стил, уникатен дизајн и комплетен комфор во домувањето.
Затоа нашата крајна цел е создавање на квалитетни станбени објекти дизајнирани и градени по сите современи светски тандарди, со врвна изолација.

Приклучете се на нашиот информатор!

Бидете во тек со најновите настани, промоции и препорачани огласи.

© 2021 Merace